Кристијано Роналдо, во саботата, ја освои шампионската титула до Јувентус во Серија А и стана првиот играч во историјата на фудбалот со титули освоени национални титули во Англија, Шпанија и Италија.
Португалецот во кариерата три пати ја освојувал Премиер лигата, два пати Ла Лига, а во саботата го подигна и пехерот наменет за шампионот во Серија А.
Откако овој статистички податок се појави во јавноста дела Роналдо е првиот со вакво остварување се огласи и Марио Балотели, играчот на Олимпик Марсеј.
„Кристијано е првиот фудбалер што ги освоил овие три првенства само поради тоа што јас никогаш не сум играл в Шпанија“, рекол Балотели.
Инаку контроверзниот фудбалер има три титули со Инетр (2007/08, 2008/09, 2009/10) во Серија А и една со Манчестер сити во Премиер лигата (2011/12).