Марио Балотели ги нападна навивачите кои се појавија со „навредлив“ банер кон него при 2:1 победата на Италија над Саудиска Арабија во понеделникот.
Асот на Ница се врати во националниот дрес првпат по четири години и го постигна вториот гол за Италија на Роберто Манчини. Сепак, тој не беше воодушевен од банерот на кој пишуваше: „Мојот капитен има италијанска крв“. Ова беше насочено кон Балотели, кој може да ја добие капитенската лента по повлекувањето на Џанлуиџи Буфон и Даниеле де Роси.
27-годишниот Супер-Марио, чии родители се од Гана, одговори преку Инстаграм.
„Момци, живееме во 2018 година! Разбудете се! Ве молам престанете со ова“, напиша Балотели.
Претходно, Балотели преку социјалните мрежи го посвети неговиот гол на поранешниот дефанзивец на репрезентацијата, Давиде Астори. Капитенот на Фиорентина во март почина во сон, и ова беше прв меч за репрезентацијата отттогаш.
„Знам дека е доцна и дека веќе си таму, но убеден сум дека го гледаше овој натпревар со мојот татко таму горе. Овој гол, иако не значи ништо, иако не му е корисен на никого, ти го посветувам тебе“, додаде Балотели.
Балотели му донесе победа на Манчини, Тунис израмнето со Португалците (видео)