Top Sport

Нова петиција – одложете го СП додека Бендтнер не оздрави!

Фудбалскиот свет имаше тешка година. Италија и Холандија не се квалификуваа на СП, Андрес Иниеста и Џиџи Буфон се повлекоа од своите клубови, а сега постои и опасност Никлас Бендтнер да го пропушти Светското првенство.

Миленикот на голем број на фудбалски фанови, Бендтнер доби прекар „Лорд“, и неговото отсуство може да биде голем проблем за Данска во првиот настап на Мундијалот од 2010 година. Бендтнер, кој сега настапува за норвешкиот тим Розенборг се повреди во неделата во 70. минута од мечот.

Неговите верни навивачи веднаш реагираа – покренаа петиција за одложување на Мундијалот, сѐ додека тој не се врати во форма. Можете да се потпишете ТУКА.

Сериозно, Лорд Бендтнер, кој го посети и Скопје со Розенборг минатата година, има 30 голови во данскиот дрес и е еден од најискусните членови на незгодниот дански тим.

Scroll to Top