Top Sport

Балотели не најде тим, се врати на тренинзи со Ница

Марио Балотели се врати на тренинзите со францускиот прволигаш Ница, иако првично не се појави на тренинзите со својот клуб барајќи трансфер во Марсеј.

Неговиот агент, Мино Рајола, јавно посочи дека неговиот клиент е на „пазарот“ и тоа како слободен играч, но всушност од „Л’Екип“ објавија дека тој има уште една година од договорот со францускиот клуб, и Марсеј не се согласи да плати 10 милиони евра за трансферот.

Според „Л’Екип“, однесувањето на Балотели кон Ница било всушност штрајк, но сега откако Марсеј се откажаа од трансферот, италијанскиот репрезентативец решил да се помири со ситуацијата и да продолжи со Ница.

Останува да се види дали контроверзниот Балотели ќе остане на Азурниот Брег и следната сезона.

Scroll to Top