Top Sport

Девојката го теши Деле Али на Ибица (галерија)

Ѕвездата на Тотенхем и на англиската репрезентација, Деле Али утеха по разочарувањето во Русија пронајде на Ибица, каде што се опушташе со својата девојка Руби Меј.

Али доби подолг одмор од Тотенхем по настапите на Мундијалот, и 22-годишниот фудбалер на Тотенхем реши да се одмори со својата девојка 23-годишната Руби на Балеарските Острови. Али не настапи на мечевите од групата против Панама и Белгија во натпреварите по групи, но оттогаш беше интегрален дел од тимот кој загуби во мечот за третото место од Белгија во Русија.

Руби беше на трибините на мечевите со Колумбија, Шведска и Хрватска.

Scroll to Top