Top Sport

Балотели: Од моето враќање во Италија, никому не правев проблеми

Марио Балотели тврди дека „никогаш не пречев никому од враќањето во Италија во тимот на Бреша, и инсистира дека секогаш го давал максимумот за тимот кој грчевито се бори за опстанок.

29-годишниот „Супер-Марио“ се врати во Серија А од Марсеј минатото лето и имаше хаотична сезона – тој беше мета на расистички извици на навивачите на Верона, си замина од тренинг по конфликтот со поранешниот тренер Фабио Гросо и доби црвен картон против Каљари откако го пцуеше судијата.

„Тоа ми се испушти. Судијата ме слушна и тоа беше црвен. Но, ако цел грд јазик кој се користи на теренот  се казнува ќе останеме со двајца фудбалери на теренот. Откако се вратив во Италија, никогаш не пречев никому, тренирам сериозно и оставам срце на теренот. Се адаптирам на барањата на соиграчите и на тренерот и честопати играм како фудбалер од средниот ред“, вели Балотели во интервју за „Кориере дело спорт“.

Запрашан за тоа кој му е омилен фудбалер во Серија А оваа сезона, тој го избира Пауло Дибала.

„Ми се допаѓа Ромелу Лукаку, и не ги сфаќам луѓето кои велат дека не е брз. Лаутаро Мартинез ме импресионира, а Гонзало Игуаин секогаш е силен. Но, ако мора да изберам еден, тоа е Пауло Дибала. Тој е луд фудбалер“, објаснува Балотели.

Scroll to Top