Top Sport

Сосиедад со шок за „кралскиот клуб“ на „Бернабеу“ (видео)

Реал Сосиедад се приклучи на Гранада и на второлигашот Мирандес во полуфиналето на Кралскиот куп, откако стигна до шокантна 4:3 победа на „Сантијаго Бернабеу“ над разнишаниот Реал Мадрид. Последниот патник во полуфиналето ќе се знае по вечерниот дуел на Атлетик Билбао и Барселона.

Работите тргнаа наопаку во 22. минута, кога „пуленот“ на Реал, Норвежанецот Мартин Одегард ги донесе гостите во водство по лошата интервенција на голманот Ареола. Со овој резултат се отиде на полувреме, а во второто шведскиот напаѓач Александер Исак со два брзи гола во 54. и 56. минута зголеми на фантастични 0:3.

Малку надеж за позитивен резултат даде Марсело во 59. минута намалувајќи на 1:3, но десет минути подоцна Микел Марина зголеми на 1:4. До крајот на мечот, тимот на Зинедин Зидан успеа да намали на 2:4 преку Родриго во 81. минута, пред во 93. минута Начо да намали за 3:4, но до крајот на мечот немаше време за целосен пресврт и покрај драмата.

Scroll to Top