Марио Балотели повторно дава голови и сака да го врати прекарот „Супер Марио“, но засега италијанскиот селектор Џанпјеро Вентура не планира да го земе за баражот за Светското првенство.
Кариерата на контроверзниот 27-годишен напаѓач изгледаше безизлесно откако постигна само два гола од 2014 до 2016 година – еден во Премиер лигата со Ливерпул, и уште еден во италијанската лига откако беше пратен на „позајмица“ во Милан. Во август 2016, Ливерпул беше толку разочаран од неговата форма што дозволи слободен трансфер во Ница за играч за кого платија 16 милиони фунти.
Престојот на медитеранскиот брег како да му одговараше на Балотели и тој полека ја враќа својата репутација. Оваа сезона, напаѓачот постигна 8 гола во 11 меча во сите натпреварувања, цифра со која ретко кој може да се пофали. Но, дали ова значи враќање во дресот на „аѕурите“?
„Ако тренерот сака да ме повика, тогаш сум подготвен. Ако не ме повика, тогаш ќе навивам за тимот“, изјави Балотели во интервју за „Нис матан“.
Италија игра со Шведска во баражот во ноември, а со повредата на Андреа Белоти, Вентура постојано добива прашања дали Балотели заслужува нов повик. Вентура признава дека квалитетот и талентот на напаѓачот не бил под сомнеж никогаш.
„Ние не судиме дали Балотели постигнува голови, проблемите се на друго место. Во остатокот од Балотели. Сега приоритетот се квалификациите, а потоа имаме пет-шест месеци за размислување. Сега ми е потребен сигурен тим“, изајви Вентура.
Балотели, нормално, не е задоволен.
„Навистина ме иритираат критиките за мојот личен живот. Ако е за фудбалот, тогаш е ОК, не ми пречи, бидејќи ако играв лошо во неделата, во понеделникот ми треба лекција од тренерот“, вели Балотели, кој неодамна доби поднова во семејството, синот Лајон.