Top Sport

Балотели планирал да покаже маичка со Маркус Рашфорд ако му дадеше гол на ПСЖ?

Марио Балотели луто реагираше на шпекулациите во Франција дека планирал да покаже маичка со ликот на Маркус Рашфорд ако во неделата навечер постигнеше гол против Пари Сен-Жермен.

Овие вести ги објавија повеќе француски медиуми, вклучувајќи го и „Канал плус“, посочувајќи дека италијанскиот напаѓач на Марсеј под дресот носел маичка со ликот на Рашфорд, кој да потсетиме го елиминираше ПСЖ со голот во финишот на дуелот со Манчестер јунајтед минатат недела.

„Тоа се лажги и тешко срање. Медиумите да престанат да креираат лажни вести околу мене“, изјави Балотели.

Сепак, локалниот весник од Марсеј, „Ле фокин“ известија дека не се работи за маичка, туку за маска која ја носел со себе. Иако ова не успеа, а ПСЖ победија со 3:1, Балотели успеа да ги изнервира домашните фанови покажувајќи кон ѕвездата на грбот на Марсеј кој ја одбележува титулата од Лигата на шампионите од 1993 година.

Scroll to Top