Top Sport

Златан: Погба може да биде најдобриот на светот

Златан Ибрахимовиќ вели дека неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Пол Погба може да стане еден од најдобрите фудбалери од средниот ред и покрај критиките кои често ги трпи Французинот.

26-годишниот Погба се врати во Јунајтед од Јувентус во 2016 година, и во кариерата освои титула од Светското првенство и четири трофеи од Серија А, но по незгодните односи со менаџерот Жозе Мурињо имаше проблематичен старт на сезоната. Откако Оле Гунар Солксјер седна на клупата на Јунајтед, Погба има 10 гола и седум асистенции и Ибрахимовиќ верува дека тоа е само почеток.

„Мислам дека Пол Погба има потенцијал да биде најдобриот фудбалер на светот на неговата позиција. Тој е добро момче, тренира напорно, слуша совети, сака да биде подобар и да победува. Работите кои се случуваат надвор од фудбалот не му пречат, бидејќи кога играш за Јунајтед, нормално дека ќе зборуваат за тебе“, вели Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот исто така е импресиониран и од 21-годишниот Маркус Рашфорд.

„Маркус е иднината на Манчестер јунајтед. На почетокот го гледав како голем индивидуалец, некој кој игра само за себе, но сега игра и за својот клуб. Тој е момче на академијата и нема граници за него“, објаснува Ибра.

Scroll to Top