Италијанскиот напаѓач Марио Балотели е пред трансфер во Сион, откако ги договорил личните услови со швајцарскиот клуб, кој сега треба да се договори со турскиот Адана Демирспор.
31-годишниот Супер-Марио имаше солидна сезона во Турција, со 18 гола и 4 асистенции во 31 меча во Суперлигата, но не успеа да се врати во италијанската репрезентација, откако селекторот Роберто Манчини се реши на подмладување на тимот. Сега, италијанските медиуми тврдат дека тој ќе игра во Швајцарија во новата сезона.
Последните години, Балотели е вистински фубалски „номад“. По заминувањето од Ница во јануари 2019, тој имаше шест месеци со Олимпик Марсеј, пред да се приклучи на Бреша во Серија А. По испаѓањето во втората лига, тој паузираше неколку месеци, пред да одигра половина сезона со Монца во Серија Б, пред да потпише тригодишен договор со Адана.