Top Sport

Балотели преговарал со Клуж

Марио Балотели неславно го заврши престојот во родната Бреша. Клубот не успеа да избори опстанок во Серија А, а Балотели кој постигна само пет гола, буквално беше избркан од клубот.

Балотели последните два месеци не беше дел од Бреша, откако клубот му забрани да тренира со соиграчите. Тогаш стана јасно дека тој заминува од клубот, а вистинско изненадување е каде тој ќе ја продолжи кариерата.

„Тутоспорт“ тврди дека менаџерот на Балотели води сериозни преговори со шампионот на Романија, фудбалскиот клуб Клуж. Според овој извор во наредните денови се очекува трансферот официјално да биде потврден.

Поранешниот напаѓач на Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница и Марсеј поради „лудата глава“ никогаш до крај на го покажа својот неспорен талент.

Во измнатиот период тој се поврзуваше со Бока Јуниорс и Црвена звезда.

Scroll to Top