Италијанскиот фудбалски интернационалец, Марио Балотели е нов фудбалер на турскиот прволигаш Адана Демиспор. Клубот кој по 26 години се врати во елитата има големи амбиции, а 30-годишникот во клубот доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со тимот на Монца.
Освен Балотели, во турскиот клуб доаѓаат и Брит Асомбалонга од Мидлсборо, Ферхат Каплан од Анталиаспор, но и Џонс Белханда кој доаѓа како слободен играч.
Балотели минатата сезона одигра 14 меча во Серија Б, постигна 6 гола и имаше една асистенција.
Во кариерата има настапувано и за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Марсеј и Бреша.
За селекцијата на Италија има 36 настапи и 14 постигнати гола.
? Ailemize Hoş Geldin! S U P E R M A R I O B A L O T E L L I #İkiDeli #Balotelli pic.twitter.com/UtQTJPKuH0
— Adana Demirspor (@AdsKulubu) July 7, 2021