Top Sport

Балотели се налути: Еб.ни француски судии! (видео)

Марио Балотели може да добие нова суспензија во неговата кариера, откако напаѓачот на Ница беше „фатен“ на камера како ги пцуе француските судии.

Во неделата, Ница загуби од Марсеј со 2:1, а Балотели доби жолт картон за судирот со Буна Сар, по што на англиски коментираше дека е на „мета“ на судиите во Лига 1.

„Секој пат! Еб.ни француски судии. Секој пат“, вели Балотели, кој заработи дури 13 жолти картони и еден црвен оваа сезона за Ница.

Овој инцидент е налик на уште еден од францускиот фудбал, кога во 2015 година Златан Ибрахимовиќ директно по конфликтот со судиите изјави дека Франција е „ср.ње земја“. Швеѓанецот потоа се извини, но доби четири меча суспензија.

Бидејќи се верува дека Балотели ќе направи трансфер летово, ова значи дека тој нема да може да игра до крајот на сезоната, до која Ница има уште два натпревари.

27-годишниот Балотели има 23 гола оваа сезона, вклучувајќи убав соло гол во неделата против Марсеј, кој за жал не беше доволен ниту за реми.

Фото: ЕПА

Scroll to Top