Иако се веруваше дека сè е договорено, Марио Балотели се предомислил и ја одбил понудата да замине во бразилскиот Фламенго и е подготвен да добие помала плата за да се врати во Серија А.
Изворите на Фламенго претходно објавија дека Балотели ги договорил деталите со клубот и би добил договор до 31 декември 2021 година. Според овие извори, Балотели би добил 5.4 милиони евра за 18 месеци, плус бонус од 10 милиони евра за потписот.
Сега, „Ла газета дело спорт“ вели дека Балотели се двоуми поради повеќето понуди кои ги добил од Италија, кои би му обезбедиле шанса да се бори за место во италијанската репрезентација пред Европското првенство следното лето.
Ако остане, тој ќе зема многу помала плата, а заинтересирани се Верона, Фиорентина и неговиот матичен клуб Бреша.