Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели (28), како слободен играч ќе ја напушти Ница и ќе се пресели во Олимпик Марсеј.
Балотели од почетокот на сезоната одигра само десет натпревари, не успеа да постигне гол, ниту да даде некаков придонес во играта на Ница, поради што тренерот Патрик Виера го избриша од сите комбинации.
Лани, Балотели постигна 28 голови на 36 натпревари, а меѓу двете сезони одби да го продолжи договорот со Ница.
Италијанецот, како слободен играч ќе се пресели во Марсеј, каде повторно ќе се обиде да ја оживее својата кариера.
Во кариерата Балотели играл во Интер, Манчестер сити, Ливерпул и Милан.