Top Sport

Тиодор до крајот на сезоната ќе игра во АЕК

Американскиот кошаркар кој поседува и македонски пасош, Џордан Тиодор, кариерата ќе ја продолжи во екипата на АЕК од Атина. Тиодор со „жолто-црните“ потпишал договор до крајот на сезоната.

Тиодор досега беше без клуб, откако замина од Армани Милано, што значи дека АЕК е првата екипа за која ќе настапува во тековната сезона.

Македонскиот репрезентативец во кариерата има настапувано за Банвит, Скајлајнерс, Бурж, Мерсин, Хурикејнс, Метс и Анталија.

Во 2017 година како играч на Банвит, Тиодор е прогласен за МВП на Лигата на шампионите што ја организира ФИБА.

АЕК сезонава во првенството на Грција има скор 8/3, а во ФИБА Лигата на шампиони има скор 8/1.

Scroll to Top