Марио Балотели покажа колку им е потребен на Бреша, откако по враќањето во составот од страна на старо-новиот тренер Еугенио Корини, постигна важен гол за 1:0 победа на гостувањето кај СПАЛ.
Со трите поени по само третата победа оваа сезона, Бреша се крена од последното место на табелата (каде што сега е СПАЛ) и сега имаат 10 поени, само еден помалку од Џенова на Горан Пандев, која денеска одигра 2:2 кај Лече.
Фиорентина на Винченцо Монтела, пак, очигледно е во голема криза, откако Виола загуби четврти пат едноподруго, овојпат со 2:1 на гостувањето кај Торино. Симоне Заза и Кристијан Ансалди беа стрелци за „биковите“, а Мартин Касерес во финишот на мечот успеа само да намали на 2:1.
Во третиот попладневен меч, Каљари се врати од 2:0 негатива на гостувањето кај Сасуоло за 2:2 реми со гол во 90. минута.
СЕРИЈА А, 15.КОЛО
СПАЛ – Бреша 0:1
Торино – Фиорентина 2:1
Сасуоло – Каљари 2:2