Top Sport

Балотели, сепак, ќе му стане соиграч на Пандев?

И покрај тоа што пред неколку дена клубот официјално изјави дека не преговара со него, Џенова се подтотвува да му понуди на Марио Балотели едногодишен договор и покрај фијаското со Бреша.

Според „Ла газета дело спорт“ и „Спортиталија“, агентот Мино Рајола веќе им го понудил Балотели на Џенова, кои прво биле скептични, но сега почнале со преговорите за личните услови кои ги бара напаѓачот.

Балотели е слободен агент по сезоната со Бреша, клубот од градот каде што израсна, и каде што влезе во конфликт со управата и претседателот Масимо Челино. Тој постигна 5 гола во 19 меча за Бреша, а новиот директор на Џенова, Даниеле Фаџано е голем фан на Супер-Марио и се обиде да го донесе во Парма, додека работеше во тој клуб.

Scroll to Top