Top Sport

Ралф Шумахер: Хамилтон не е подобар од мојот брат

Луис Хамилтон на Руското ГП во Сочи може да го израмни рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа во Формула 1, а на крајот на сезоната да се израмни со седумте титули на Шуми, но Ралф Шумахер, поранешниот Ф1 возач и помлад брат на Михаел, вели дека Хамилтон никогаш нема да биде најдобриот.

„Луѓето во последно време ме прашуваат дали Луис Хамилтон е најдобриот возач на сите времиња, сега кога ги руши рекордите на мојот брат. Моето мислење е дека тој е дефинитивно најдобриот во својата ера. Исто како што Михаел беше во својата ера“, вели Ралф во интервју за „Скај Дојчланд“.

Сепак, Ралф додава дека неговиот брат имал успех дури и кога немал „мега пакет“ во болидот како Хамилтон.

„Споредбата со Михаел е тешка бидејќи во игра се многу фактори. Луис покрај својот брилијатен талент има и мега пакет зад него. Тоа не беше така секогаш за Михаел. Мора да се признае дека тоа што го прави Луис е фантастично и дека во моментов нема подобар од него“, додава Ралф Шумахер.

Scroll to Top