Top Sport

Балотели со голчиште за Адана, се вратија од 0:3 за реми со Бешикташ во 97. минута!

Аданаспор успеа во драматичен меч да извлече 3:3 реми со лидерот на табелата Бешикташ со гол во 97. минута, а мечот на „Водафон парк“ во Истанбул беше одбележан и со првиот гол на Марио Балотели за Адана.

Домаќините најавија висока победа, откако Франциско Монтеро по асистенција Миралем Пјаниќ стрелаше во 20. минута за 1:0, пред Бразилецот Жозеф да зголеми на 2:0 во 43. минута. Само што почна второто полувреме, во 53. минута Бурак Јилмаз зголеми на 3:0, по што следуваше неверојатниот камбек на Адана.

Матијас Варгас во 60. минута намали на 1:3, Балотели во 79. минута го постигна првенецот во турскиот шампионат, пред Конгоанецот Брит Асомбалонга во 97. минута да донесе поен за Адана.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top