Марио Балотели повторно е во центарот на внимането, откако успеа да добие црвен картон само седум минути откако влезе во игра при 2:2 ремито на Бреша со Каљари.
Супер-Марио требаше да биде џокер во бркањето победа, но темпераментниот Италијанец прво доби жолт картон за високо крената нога, а потоа уште еден жолт за навреда кон судијата на мечот.
Ова беше дури 13. црвен картон во кариерата на Балотели.