Top Sport

Кубацки со двојна победа, Кобајаши леташе 147 метри (видео)

Полскиот шампион од новогодишната турнеја „4 скокалници“, Давид Кубацки победи и во вториот ден натпреварување во Титизе-Нојтштад, триумфирајќи пред шампионот од Светскиот куп, Рјоју Кобајаши и Словенецот Тими Зајц.

Кубацки имаше одличен скок од 143 метри за да биде лидер по првата серија, по што во втората и скок од 133.5 метри му беше доволно за победа со само 0.3 поени предност пред Кобајаши, кој за првиот скок од 147 метри доби посебна награда.

Германецот Карл Гајгер стигна до петтото место и иронично го зголеми водството во генерален пласман пред Австриецот Штефан Крафт, кој имаше лоша прва серија и заврши само на 11 место. Следниот викенд следува двојна програма во Закопане, Полска, каде што Кубацки секако ќе има херојски пречек.

Scroll to Top