Top Sport

„Махер“ од Шибеник – пет точни резултати за заработувачка од 57 илјади евра!

На Балканот се сакаат обложувалниците. И има вистински „мајстори“ за погодување. По двете македонски огромни добивки за мал влог, еден „махер“ од Шибеник, Хрватска за 10 вложени куни (нешто над 70 денари) доби заработувачка од 430.000 куни (или 57 илјади евра).

Како? Со пет точни резултати од 2:1 во италијанската втора лига, со огромни коефициент од 7.75 до 9.50.

Бидејќи сите мечеви се играа од 20.30 часот, најдраматично му беше во дуелот Ентела-Палермо. Таму до 74. минута беше 0:1 за Палермо, по што играчите на Ентела си постигнаа автогол, а само пет минути подоцна беше намалено на 2:1 и сите услови на обложувачот беа исполните. Потоа сигурно следувале супер-нервозни 15-тина минути додека мечевите не завршат.

Scroll to Top