Top Sport

„Морено предложи Луис Енрике да се врати. Зошто сега е изненаден?“

Фудбалскиот сојуз на Шпанија се раздели со селекторот Роберто Морено по изборениот пласман на ЕУРО 2020 и победата над Романија од 5:0.

Првиот човек на Сојузот Луис Рубијалес на прес конференција потврди дека на функцијата се враќа Луис Енрике.

„Можеме да потврдиме дека Луис Енрике повторно ќе биде селектор на Шпанија. На 19 јуни потпишавме договор со Роберто Морено, но ја оставивме можноста Енрике да се врати на функцијата. Три пати разговарав со Луис откако почина неговата ќерка. Во октомври Морено самиот ми кажа дека сака Луис да се врати. Тој знаеше што се случува. На крајот тој самиот ја започна таа приказна не знам зошто е изненаден“, рекол Рубијалес.

Првиот човек на Сојузот потврдил дека Енрике сакал Морено да остане како негов помошник.

„Сепак е Енрике лидер на овој проект. Секогаш повторувавме дека вратат за него секогаш е отворена“.

Исто така Рубијалес рекол дека било разговарано и со капитенот и дека играчите ја прифатиле одлуката. Инаку синоќа по мечот со Романија кога Морено во солзи заминал од стадионот, репрезентативците во знак на протест не давале изјави за медиумите.

„Овој проект ќе трае до СП во 2022 година. Верувавме дека Роберт ќе остане дел од тимот, но тој утрово не се појави на состанокот, ги испрати своите адвокати. Ние нема да му го бираме стручниот штаб на селекторот, тоа е негова работа. Дали Роберт ќе се врати да биде асистент тоа не може никој да го знае“, заклучил Рубијалес.

Scroll to Top