По мешаницата со неговиот договор со Бреша и сигурното заминување од тимот од градот каде што израсна, Марио Балотели најверојатно ќе заврши во Бока јуниорс, тврдат аргентински извори.
29-годишниот Балотели завршува уште една негативна страница во кариерата, откако беше постојано во конфликт со клубот, а претседателот на Бреша, Масимо Челино официјално се извини на навивачите што му дал доверба на Супер-Марио.
Според „ТуС спортс“ од Аргентина, агентот на Балотели, Мино Рајола веќе му нашол нов ангажман во Бока јуниорс, каде што би го следел Даниеле де Роси, кој одигра нецела сезона за легендарниот аргентински договор откако му беше предвреме скратена кариерата во Рома.
Балотели оваа сезона има само 19 настапи во Серија А и пет постигнати голови.