Top Sport

Погба и Бруно Фернандеш се повредиле по судир на тренинг!

Ѕвездите на Манчестер јунајтед, Пол Погба и Бруно Фернандеш добиле повреди по судир на тренинг на „ѓаволите“, тврди „Дејли мирор“, а Португалецот го извлекол подебелиот крај во случајниот судир.

Погба и Фернандеш склопија одлично партнерство во последните мечеви на Јунајтед и ќе биде голем удар за тимот на Оле Гунар Солскјер доколку двајцата паузираат пред домашниот дуел со Бурнемаут.

Фернандеш постигна шест гола и додаде четири асистенции во 13 настапи за Јунајтед, додека Погба се врати во добра форма по низата повреди. Јунајтед се на петтото место во Премиер лигата и се во битка да обезбедат пласман во ЛШ, а исто така уште се во игра за титулите од ФА купот и Лига Европа.

Scroll to Top