Top Sport

Бањаја со рекорден круг до пол-позицијата во Херез

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, утрешната трка за Големата награда на Шпанија ќе ја започен од пол-позицијата. Италијанецот постави рекордно време на патеката „Анхел Нието“ во Херез. Еден круг мина за 1:36.170 минути.

Веднаш до Бањаја трката ќе ја започне актуелниот светски првак, Фабио Квартараро. Возачот на Јамаха не успеа петти пат по ред да ја освои пол-позицијата на оваа патека. Првиот ред на стартот ќе го комплетира Алеиш Еспаргаро на Априлија.

Меѓу најдобрите десет во квалификациите завршија Џек Милер, Марк Маркез, Жоан Зарко, Такаки Накагами, Марко Бецеки, Џоан Мир и Хорхе Мартин.

Scroll to Top