Легендарниот фудбалер на Валенсија Рубен Бараха е нов тренер на овој клуб.
„Лилјаците“ ја презема во деликатен момент, кога тимот е во зоната за испаѓање и е 18. на табеата со само 20 поени.
На тренерското место го замени Џенаро Гатузо, кој на крајот на јануари доби отказ поради серијата лоши резултати.
По заминувањето на Гатузо, улогата на в.д. тренер ја презеде Воро Гонзалес и не се прослави, бидејќи тимот забележа два порази. Во моментов Валенсија се наоѓа во серија од четири порази. Клубот од „Местаља“, нема победа во Примера од ноември минатата година.
Бараха ќе се обиде да ја сврти ситуацијата и да го спаси тимот за кој настапуваше долго време. Како играч тој освои две титули во Ла Лига, Купот на УЕФА, Суперкупот на Европа и Купот на кралот.
За Валенсија одигра вкупно 263 натпревари и постигна 41 гол во периодот од 2000 до 2010 година.
За шпанската репрезентација одигра 43 натпревари и постигна седум гола.
Во текот на својата тренерска кариера ги водеше Сарагоса, Рајо Ваљекано, Тенерифе, Елче и Спортинг Хихон.