Самјуел Ето, европски првак со Барселона и Интер, во едно интервју ја открива можната причина, зошто летото во 2009 година клубот го испрати во Интер, како кусур за трансферот на Златан Ибрахимовиќ.
Барселона во 2008 година го назначија Пеп Гвардиола за тренер, а во тимот покрај Ето играа уште неколку големи ѕвезди (Лави, Иниеста, Анри, Меси, Пике, Пујол…)
„Пеп целиот свој живот беше во Барселона, но во годините кога јас бев на „Ноу Камп“ не г разбираше тимот. Не го живееше нашиот живот. Му реков на Гвардиола бидејќи јас сум тој што на Барселона ќе и донесе победа, а не Лионел меси“, рекол прославениот Камерунец.
Наредната сезона Ето веќе не беше во тимот, на негово место дојде Златан Инрахимовиќ, но и тој, поради недоразбирања со Гвардиола на „Ноу Камп“ се задржа само една сезона.
Пеп Гвардиола ја предводеше Барселона четири години (2008-2012) и успеа да освои две титули во Лигата на шампионите (2009, 2011), три домашни првенства…
Тренерот Гвардиола со Барселона забележал 179 победи, 21 пораз на 247 натпревари.