Top Sport

Загубиле натпревар, па заминале на забава, Виртус им подготвува откази

Кошаркарскиот клуб Виртус од Болоња, најави дека ќе ги казни сите кошаркари кои по поразот од Пистоја, се забавувале во еден ноќен клуб во Милано. Во клубот поседувале снимки како доказ, а отказ им се заканува на петмина кошаркари.

Клупските челници, заедно со тренерот Александар Ѓорѓевиќ, се огласиле со соопштение, о кое наведуваат дека нема да има попуст за оние што ја прекршиле дисциплината.

На снимките што се објавени на социјалните мрежи идентификувани се Марио Чалмерс, член на шампионската генерација на Мајами Хит, односно Кевин Пантер, Тони Тејлор, Келвин Мартин и Јаник Мореира.

Scroll to Top