Депортиво и Леванте одиграа 2:2 (2:0) на „Ријазор“ во Ла Коруња, во вториот натпревар одигран во рамките на 21.коло во Ла Лига.Со ова реми двата тима ги продолжија лошите серии, Депортиво нема победа на последните шест, а Леванте на последните девет натпревари.
Натпреварот обилуваше со жолти картони, главниот судија покажа 11, шест за играчите на Депортиво, а пет за фудбалерите на Леванте.
Депортиво добро почна и во 9.минута по центаршутот на Лукас Перез, Адријан, успеа да го совлада Ојер.
15 минути подоцна домаќинот остна со играч помалку откако Целсо Боргес го доби вториот жолт картон. И со играч помалку Депортиво успеа да постигне гол. Во финишот на првиот дел Романецот Андоне зголеми на 2:0.
Во второто полувреме Леванте ја диктираше играта. Македонскиот репрезентативец Енис Барди на теренот влезе во 54.минута, а во 80.минута му асистираше на Иви Лопез која намали на 1:2.
Четири минути подоцна истиот фудбалер постигна убав гол и го постави конечниот резултат 2:2.
Депортиво остана во опасната зона, со 17 бода овој тим е на 17.позиција, додека Леванте е позиција погоре и има 19 бода.