Голот на Енис Барди против Монако е избран за најубав во четвртото коло, во Лига Европа. Трабзон, синоќа го декласирае Монако со 4:0. Барди го постигна третиот гол на натпреварот.
Во 57.минута, Барди од слободен удар ја затресе мрежата на францускиот тим. Македонскиот репрезентативец, итро во стилот на Роналдињо, ја испрати топката под го измами „живиот ѕид“.
По четири кола, Трабзон се наоѓа на третото место во групата со шест бода, колку што има и Монако. Лидер во групата е Ференцварош со девет бода.
🥇⚽️ The #UEL Goal of the Week winner is…@Heineken | #UELGOTW pic.twitter.com/CDsAbebD1X
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) October 14, 2022