Top Sport

Барди и Леванте не дозволија победа на Атлетико

Атлетико Мадрид пропушти можност да се одвои на 8 поени пред лутиот градски ривал Реал Мадрид, откако на гостувањето кај Леванте одиграа само 1:1.

Енис Барди, како стартер за шпанскиот прволигаш, ги донесе Леванте во 17-тата минута од мечот по убавата топка која ја доби од Де Фрутос, пред Маркос Љоренте во 37. минута да израмни за „рохибланкос“.

Сега, со ова реми, Атлетико останува лидер во Ла лига со 55 поени, шест пред Реал Мадрид и девет пред Барселона, и тоа со натпревар помалку. Леванте е во безбедната средина на табелата, на 12. место со 28 поени.

Scroll to Top