Енис Барди го бараат од сите страни. Македонскиот репрезентативец третата сезона во Леванте ја заврши со седум гола и три асистенции на 30 одиграни натпревари. Барди има договор со Леванте до јуни 2022 година и откупна клаузула од 50 милиони евра.
„Марка“ пред два дена во текстот што му го посвети на Барди напиша дека Леванте со парите од неговиот трансфер ќе можа да го избалансира клупскиот буџет.
Се шпекулира дека Леванте од трансферот на Барди ќе заработи околу 30 милиони евра, иако според „Трансфермаркт“ тој вреди 12 милиони евра.
Арсенал, Фиорентина, Баер Леверкузен, Лајпциг покажувале интерес за фудбалерот на Леванте, а од денес во трката се вклучила и Валенсија.
Оваа понуда би можела да биде интересна за Барди бидејќи би останал во истиот град само би го сменил клубот.
Валенсија во летниот преоден рок подготвува реконструкција, се шпекулира дека Хави Гарсија ќе биде новиот тренер, а во Шпанија не ја исклучуваат можноста сопственикот Питер Лим да го стави клубот на продажба.
Доколку се пресели во Валенсија, Барди би го наследил Дани Парехо кој е еден од оние што ќе ја напушти „Местаља“.