Топспорт во Разград,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија утре го стартува новиот циклус во Лигата на нации, а прв предизвик е селекцијата на Бугарија.
Во отсуство на Стефан Ристовски, капитенската лента ќе ја носи Енис Барди. А кога последен пат беше капитен – беше еуфорично.
„Последниот пат кога бев капитен, дадов три гола. Јас често знам да кажам дека сите сме капитени во репрезентацијата, дека многу важни играчи во оваа селекција и ако одиграме добар меч, можеме да победиме и големи селекции. Ќе биде тешко, четири натпревари имаме во низа и треба да дадеме максимум за да оствариме добри резултати. Верувам дека ќе стартуваме со успех против Бугарија“, изјави Енис Барди.
Натпреварот меѓу Буарија и Македонија на „Лудогорец Арена“ е закажан за утре, со почеток во 18 часот.