Top Sport

Барди на чекор до Олимпијакос, треба да каже “да”

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е на добар пат да се пресели во Грција и да го облече дресот на Олимпијакос. Грчкиот клуб и Леванте се договориле за отштета од 3 милиони евра, а останува и фудбалерот да се согласи на личните услови за реализација на трансферот.

Проблемот е што Олимпијакос на Барди му нуди годишна плата од 700.000 евра, а тоа е двојно помалку од тоа што го заработува во Шпанија.

Сепак, Леванте испадна од елитата, па на Барди реално му е потребен нов предизвик во кариерата.

Scroll to Top