Top Sport

Лапорта: Ние го почитуваме Де Јонг и сакаме да остане во Барселона

Холандскиот интернационалец Френки де Јонг не сака да ја напушти Барселона. Иако има отворена понуда од Манчестер Јунајтед, тој не сака да замине на „Олд Трафорд”.

Таа одлука директно ја погаѓа и Барселона која бара начин за да најде нови финансиски средства, со оглед дека доведе многу нови засилувања, но претседателот Жоан Лапорта вели дека клубот нема да му прави притисок.

„Ние го почитуваме Френки де Јонг и сакаме да остане во Барселона. Имавме разговори за намалување на неговата плата, но тој секако ќе ја има последната одлука”, изјави Лапорта.

Scroll to Top