Top Sport

Барди незапирлив, за 28 минута двапати ја тресе мрежата на Селта (видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди игра феноменално во продолжението на сезоната во Ла Лига.

Вечерва на мечот против Селта, во претпоследното коло на првенството, за 28 минути двапати го матираше домашниот голман.

Патот до мрежата на противникот првиот пат го пронајде по 11 минути игра за водство од 0-1 за Леванте.

Вториот негов погодок беше постигнат во 28 минута, на асистенција на Рочина.

Досега Барди сезонава постигна 7 гола. Освен досегашните два по првото полувреме со Селта, стрелаше прецизно и со Атлетик Билбао, Бетис, Еспаљол, Гранада и Реал Сосиедад

Scroll to Top