Македонскиот репрезентативец, Енис Барди е осуден на четиримесечна затворска казна поради користење на лажна возачка дозвола. Како што пишуваат шпанските медиуми, Барди, го признал делото, се покајал и ја прифатил казната.
Судијата во постапката одлучил, затворската казна да ја замени со условна казна од две години.
Во април минатата година, Барди при сообраќајна контрола, на полицајците им ја покажал лажната возачка дозвола.