Енис Барди поради повреда нема да биде во составот на македонската фудбалска репрезентација за натпреварите против Словенија (10. октомври) и Полска (13. октомври), од квалификациите за ЕУРО 2020.
Селекторот на репрезентација, Игор Ангеловски во пресрет на натпреварите, дополнително прати повик за Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар.
Двајцата ќе се бидат дел од првиот собир на репрезентацијата закажан за утре во 12:00 часот во хотел “Гранд Плаза”.
Првиот тренинг на репрезентацијата е утре од 19:00 часот на Националната арена “Тодор Проески”.
извор/ffm.mk