Top Sport

Барди погоди, Леванте ремизираше кај Еибар (Видео)

Леванте ја продолжи серијата без победа во Ла Лига, откако во Еибар одигра 2:2 со домаќинот иако на полувреме имаше имаше предност од два гола. Вториот гол за Леванте го постигна македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Еибар кој сезонава е далеку од тимот кој во минатиот шампионат го освои осмото место, во дуелот со Леванте беше подобар противник, повеќе напаѓаше, создаде неколку добри шанси за постигнување на гол, но сето тоа тимот на Барди го поништи во рок од 120 секундисо два перфектно изведени контранапади.

Моралес најпрвио погоди за 0:1 во 35 минута, а 120 секунди подоцна овој играч му асистираше на Барди кој го постигна вториот гол за Леванте. Голот против Еибар е четвртиот сезонава за македонскиот репрезентативец во Ла Лига.

Во второто полувреме Еибар најпрвин намали во 51 минута, кога Абриља постигна брилијантен гол од слободен удар, а конечните 2:2 ги постави Чарлес во 74 минута по акцијата на Јапонецот Инуи.

Леванте во последните пет кола во Ла Лига освои три бода, по поразите од Бетис и Алавес, тимот на Барди ремизираше против Еспањол Хетафе и Еибар.

По десет натпревари Леванте има 12 бодови и со Хетафе и Џирона ја дели десеттата позиција.

Scroll to Top