Top Sport

Велкоски го „начна“ Челик, „Хорде зла“ славеа јубилеј

Македонскиот интернационалец, Крсте Велкоски го постигна првиот гол за Сараево во импресивната 5:0 победа над Челик, во меч во кој славната навивачка група на „бордо“ тимот го прослави 30-тиот јубилеј.

Мечот најстраствените навивачи на Сараево го прославија со посебен транспарент: „Хорде зла се најлуди“ и со големо шоу со факли. Ова беше прв натпревар откако Сараево го прослави 71. роденден на клубот.

Еуфоријата не застана кога, Велкоски го постигна првиот гол од пенал во 10-тата минута од пенал, по што тимот од престолнината на БиХ целосно доминираше во мечот и стигна до 5:0 победа. Со победата и трите поени, Сараево остана на четвртото место во лигата со 5 поени помалку од лидерот Широки Бријег.

Scroll to Top