Енис Барди, играчот на Леванте и македонската репрезентација, како и речиси сите спортисти во светот деновите ги минува во изолација поради пандемијата што ја предизвика коронавирусот. Во интервју за еден шпански медиум тој говорел и за полу-финалниот бараж против Косово во Лигата на нации.
Натпреварот помеѓу Македонија и Косово предвиден за 26 март е одложен. Новиот термин одреден од УЕФА е јуни, секако доколку ситуацијата се нормализира.
Барди во интервјуто рекол дека бил подготвен за дојде во Македонија на подготовките на националниот тим.
„Не бев исплашен. На крајот се работеше за патување во Македонија, не мислам дека ќе имав некакви проблеми со патувањето. Во поинаква ситуација беа оние што требаше да дојдат од Италија: Елмас, Пандев, Несторовски. Не се знаеше дали ќе има право да играат. Ќе беше тоа голем удар за нас бидејќи тие тројца се многу важни играчи за нас“, рекол Барди.
„Мечот со Косово требаше да се игра во Скопје, сакавме да го играме пред публика бидејќи е многу важен за нас. Тоа е историски натпревар и би било подобро да го играме пред нашите навивачи бидејќи ќе чекаме 20 и повеќе години Македонија да се пласира на европско првенство“.