Top Sport

Вербална пресметка на челниците на Јувентус и Лацио

Челниицте на Јувентус и Лацио, Андреа Ањели и Клаудио Лотито, изминатите денови се препукуваат преку медиумите. Во моментот кога беше суспендирана сезоната во Серија А, на табелата Јувентус има предност од еден поен во однос на Лацио.

Многумина сметаат дека сезоната треба да биде прекината. Од коронавирусот во Италија се заразени 69.176 луѓе,а според последните информации од вирусот починале 6.820 лица.

И покрај овие лоши вести првиот човек на Лацио е убеден дека сезоната ќ е продолжи.

„Дали ги видовте податоците? Вирусот заминува. Разговарам со вистински експерти, со луѓе кои се на првата линија, а не со клупски доктори“, рекол Лотито.

На оваа негова изјава реагирал Ањели.

„Секако, секако…сега си експерт и во вирологијата“.

Јувентус би сакале да биде прекинато првенството и Сојузот да им ја додели титулата. Од друга страна во Лацио се надеваат дека доколку првенството продолжи ќе можат да ја освојат првата титула по пауза од две децении.

Scroll to Top