Top Sport

Барди со супер-асистенција, дербито на Валенсија без победник (видео)

Енис Барди одлично асистираше при вториот гол на неговиот Леванте, но дербито на Валенсија заврши без победник (2:2) откако гостите постигнаа гол од пенал, а домаќините го завршија мечот со играч помалку.

Леванте дојде рано во водство, уште во 13. минута кога Роџер одлично реагираше по еден брз контра-напад на неговиот тим, но Валенсија само три минути подоцна израмни преку Денис Черишев.

Барди во 33. минута совршено го најде Роџер во шестнаесетникот, кој уште еднаш донесе предност за Леванте, пред „Лос че“ да добијат шанса да израмнат преку пенал во 51. минута, а Парехо немаше проблеми. Леванте мечот го завршија со играч помалку откако Коке доби втор жолт картон на 15 минути пред крајот.

Scroll to Top