Top Sport

Барди стрелаше, Трабзон пак само со реми

Енис Барди беше стрелец за турскиот шампион, но Трабзонспор повторно одигра само нерешно, овојпат со 1:1 на гостувањето кај Анакарагучу за да останат на шестото место на табелата со шест поени заостанување зад лидерот Фенербахче.

Барди во 70. минута доби одлична топка од Уругвецот Максимилијано Гомез и не му беше тешко да ја смести топката во мрежата на домаќините, но Анкарагучу само осум минути подоцна успеа да израмни со гол од пенал на Толга Џигерџи.

За Трабзон ова е неверојатно четврто реми во последните пет натпревари.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top