Top Sport

Барди: Трабзон е подготвен да оди до крај во борбата за титулата

Турскиот првак Трабзонспор го победи Фенербахче со 2:0 и се врати во трката за титулата оваа сезона. Тимот на Енис Барди сега има само три бода негатива во однос на лидерот на табелата.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во второто полувреме, а потоа истакна дека триумфот е многу значаен за понатамошниот тек од сезоната.

„Среќни сме поради победата над првопласираниот тим на табелата. Нашата цел е да победуваме на секој меч и ќе се бориме за титулата до крајот. Знаеме дека ќе биде тешко и дека има огромна конкуренција, но не се откажуваме од нашите цели. Трабзон е подготвен за борба“, изјави Барди.

Scroll to Top