Николо Барела, ѕвездата на Интер, се уште не седнал да погледне натпревар на Светското првенство во Катар. Италија не успеа да се квалификува за планетарната смотра. Истото на „Азурие“ им се случи и пред четири, кога не успеаја да ја мината Шведска.
Италија, како актуелен европски првак не успеа да се пласира на СП. Во полуфиналето од баражот, Македонија ја елиминираше Италија. Во Палермо, Македонија победи со голот на Александар Трајковски во 93.минута.
Барела се уште не може да се помири со тој пораз.
„Не го гледам Светското првенство, не знам како ќе се чувствувам. Не можам да си ја „исчистам“ главата од тоа големо разочарување со Македонија. Велат теренот секогаш говори, но за мене резултатот беше неправеден. Овој пат бевме ние, следниот пат ова може да му се случи на некој друг, но мислам дека европскиот првак или шампионот на Јужна Америка секогаш треба да игра на Светско првенство“, изјави Барела за „Газета дело Спорт“.