По 110 години, клубот на Бари банкротираше по што не се регистрираше во Серија Б, што значи дека сезоната ќе ја започне од Серија Д, највисоката аматерска лига во Италија.
Популарните „галети“ дури беа во игра за влез во Серија А минатата сезона, но загубија од Читадела во плеј-офот, и откако не успеаја да ги исполнат финансиските услови за настап во Серија Б следната сезона, клубот се враќа во аматерскиот фудбал.
Според италијанските закони, градоначалникот на Бари сега може да избере инвеститори за „рестарт“ на клубот, откако претходната година сопственикот на Лидс јунајтед, Андреа Радицани и локалниот бизнисмен Фердинандо Наполи не успеаја да го преземат клубот.
„Ова е лош ден, не само за фудбалот во Бари, туку за целиот град. Ден на пораз, кој гори илјада пати полошо од било кој пораз на теренот. Се обидовме да направиме сѐ што е можно, а јас работев не само како градоначалник, туку како граѓанин и навивач на клубот. Сепак, нема да дозволиме фудбалот во Бари да згасне“, вели градоначалникот Антонио Декаро.
Дека финансиската криза во италијанскиот фудбал не е ограничена на еден клуб кажува фактот што и Чезена, исто така клуб во Серија Б, ја очекува банкрот. Од друга страна, Авелино успеа да добие гаранција од 800.000 евра за опстанок, иако од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) бараат уште еден инвеститор.
Претходно последната година банкротираа и клубовите на Виченца и Модена.